ЗАПОЧНИ ПАТУВАЊЕ ЗА МИР.

Чекор 1

Бог те сака и има план за тебе!

Библијата вели: “Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, [Исус Христос], за секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот” (Јован 3:16).
Исус рече: “Јас дојдов да имаат живот и да го имаат изобилно” – целосен живот полн со цел (Јован 10:10).

Чекор 2

Еве го проблемот: човекот е грешен и одделен од Бога.

Библијата вели: “Сите згрешија и им недостасува Божјата слава” (Римјаните 3:23).
Резултатот на гревот е смрт, духовна одвоеност од Бога. (Римјаните 6:23).
Добрата вест?

Чекор 3

Бог го испрати Својот Син да умре за твоите гревови!

Исус умре наместо ние. За да можеме да имаме врска со Бог и да бидеме со Него засекогаш.
”Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.” (Римјаните 5: 8).
Но, тоа не заврши со Неговата смрт на крстот. Тој воскресна и живее!
“Христос умре за нашите гревови. … беше погребан. … Тој беше подигнат на третиот ден”(1 Коринтјаните 15: 3-4).
Исус е единствениот пат до Бог. Исус рече: “Јас сум патот, и вистината, и животот; никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене “(Јован 14: 6).

Чекор 4

Дали сакаш да го добиеш Божјото опростување?

Ние не можеме со никаков труд да го добиеме спасението. Тоа се добива само преку Божјата милост и тоа кога ќе ја ставиме нашата вера во Неговиот Син, Исус Христос. Се што треба да признаеш дека си грешник, да поверуваш дека Исус Христос умрел за твоите гревови и да го побараш Неговото простување. Потоа да се оттргнеш од своите гревови – тоа се нарекува покајание. Исус Христос те познава и те сака. Она што му е важно е ставот на твоето срце, твојата искреност. Ти препорачуваме да си го отвориш срцето и да се молиш на молитвата подолу за да го прифатиш Исус за твој Спасител.

Моли се сега

“Драг Боже, јас знам дека сум грешник и те молам да ми простиш.
Верувам дека Исус Христос е Твојот Син.
Верувам дека Тој умре за мојот грев и дека Ти Го воскресна.
Исусе од овој ден па натаму ти биди мој Спасител и мој Господ.
Води го мојот живот и помогни ми да ја вршам Твојата волја.
Го молам ова во името на Исус.
Амин “.