Исус вели, Јас сум твојот воскреснат, жив Спасител! Преку Моето воскресение ти си роден одново за вечна надеж. Остани во надежта, тоа ти дава живот, без разлика што се случува во твојот живот. Луѓето се надеваат на многу различни работи – богатството, моќта, здравјето, медицинските третмани – но овие работи не се доволни. Кога доаѓаат бурите во твојот живот, само една е вистинската помош – тоа сум Јас! Надежта што ја давам Јас е котвата за твојата душа, цврста и сигурна дури и во најбурните води. Добар начин да се остане укотвен во Мене е да прошепотиш секогаш кога и да ти е потребно: „Исусе, Ти си мојата Надеж.“

Ќе разбереш дека Исус е сѐ што ти треба, кога Исус ќе биде сѐ што имаш

 

Оваа сигурност ти дава сила и те држи поврзан со Мене.
Јас постојано работам на трансформирање на твојот живот. Ти треба Мојата помош постојано, за да ја оддржиш твојата надеж во живот. Стојам подготвен да ти помогнам во секое време – како во бурни времиња, така и во пловење по мирни води. Јас не сум само вечен туку имам и живот во изобилство повеќе од она што можеш да го замислиш. Не постојат граници за она што може да го направи Мојата сила и слава! Можам да ја сменам најбезнадежната ситуација во вистинска победа. И повеќе од тоа, кога ја покажуваш твојата доверба во Мене – без разлика во колку тешка околност се наоѓаш – Јас можам да те трансформирам: постепено и со љубов. Оние кои се надеваат на Мене, нема да се разочарат.

Исус вели:

Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам.
Матеј 11:28

Author

Нема потреба да го знаеш патот, ако го следиш Оној, Кој е Патот.

Write A Comment