Имаше група жени во една библиска студија за книгата Малахија. Додека го проучуваа поглавјето три, наидоа на стих три, во кој се вели: „Па ќе седне Тој како пречистувач на сребро.“ Овој стих ги збуни жените и се прашуваа што значи овој стих за карактерот и природата на Бога.
Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање, и кој ќе издржи кога ќе се појави Тој? Зашто Тој е како оган, што растопува, и пепелница што чисти, па ќе седне Тој како пречистувач на сребро, и ќе ги очисти синовите на Левиј и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда.
Малахија 3:2-3
Една од жените понуди да го испита процесот на рафинирање на среброто и да се врати во групата на следната библиска студија. Следната недела, оваа жена се јави кај еден локален обработувач на сребро и закажа состанок за да го гледа процесот додека тој го обработува среброто.
Таа не спомна ништо за причината за нејзиниот интерес, само дека е љубопитна да го гледа процесот процесот на рафинирање на среброто. Додека го гледаше процесот, тој држеше парче сребро над огнот и остави да се загрее. Тој објасни дека при рафинирање на среброто, тоа требало да го држи, каде пламенот бил најжежок за да ги изгори сите нечистотии.
Жената размислуваше како Бог нас нè држи во толку жешко место, тогаш повторно размисли за стихот „Па ќе седне Тој како пречистувач на сребро“. Таа го прашала човекот дали е вистина дека тој морал да седи таму пред огнот цело време додека се рафинира среброто. Човекот одговори дека, тој не само што треба да седи таму и да го држи среброто, туку мора цело време внимателно да го гледа додека среброто е во оган. Бидејќи ако среброто остане еден миг подолгу, отколку што треба во пламенот, ќе се уништи целосно.
Жената за момент замолкна. Потоа, таа го праша човекот, како го знаете тој момент дека среброто е целосно рафинирано без да се уништи? Тој се насмевна на неа и одговори: “О, тоа е лесно – кога ќе го видам моето лице во него”.
Ако денес ја чувствуваш топлината на огнот, запомни дека Бог те гледа внимателно и те очистува. Тој процес ќе трае сè додека Тој не го виде Своето лице во тебе.