Додека планираш трескаво и се обидуваш да ја контролираш иднината си. Тоа е многу распространета форма на неверие. Кога умот ти солзи од комбинации и планови, мирот може да ти е на една рака растојание и пак да ти бега. Зошто точно кога си мислиш, дека си ги предвидел сите можни компликации, нешто неочекувано ќе излезе и ќе ги побрка нештата.

И така, понизете се под силната Божја рака, за да ве возвиши во право време. И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.
1 Петар 5:6-7

Јас не Сум го создал човечкиот мозок да ја предвидува иднината. Тоа е надвор од твоите способности. Сум го создал за постојан контакт со Мене. Предавај Ми ги сите потреби, стравови, надежи. Предај се на Мене. Да одиме заедно по патот на планирањето и ќе те исполнувам со инспирација и мир.

Човековото срце го смислува својот пат, но Господ ги управува неговите чекори.
Изреки 16:9

Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сè.
Псалми 37:5

Author

Нема потреба да го знаеш патот, ако го следиш Оној, Кој е Патот.

Write A Comment