Прочитав за еден човек кој во затворен базен имал обичај да истрча до базенот и само да го натопи прстот во водата. Потоа се качувал на скокалницата и маестрално скокнувал. Кога еднаш го прашале зошто го натопува прстот пред да се качи на скокалницата, за тоа тој одговорил:
Мислам дека тоа е навика, но постои и причина за тоа. Ќе ви раскажам што ми се случи пред неколку години, кога бев учител по пливање. Моја работа беше добро да ги научам да пливаат и скокат во водата една група на момчиња. Една ноќ не можев да заспијам па одлучив да одам до базенот и да пливам. Понекогаш знаев да одам таму, да отпливам и полесно заспивав. Не го вклучив светлото, бидејќи добро го познавав местото. Имаше стаклен кров и преку него светеше месечината. Кога застанав на отскочната даска, на спротивниот ѕид си ја видов сенката од сопственото тело. Ги раширив рацете и мојата сенка доби облик на крст. Наместо да скокнам, почнав да размислувам за тој лик. Додека неподвижен стоев таму, на ум ми дојде мисла за Исусовиот крст и неговото значење. Не бев христијанин, но како дете научив песна на чии зборови изненадно се сетив. Тој умре за да ни даде опростување. Тој умре за да ни направи добро. Да, спасени преку крвта Негова драгоцена. Конечно можеме во Небото да влеземе.
Не знам колку долго во полумракот сум стоел на скокалницата со испружени раце, ни зошто не сум скокнал во водата. И на крај, слегнав од скокалницата. Поминав низ работ на базенот и преку скалите слегнав на дното на базенот и нозете ми допреа тврди и ладни плочки… Претходната ноќ го испразниле базенот, а не ми кажале! Ме обли ладна пот. Да скокнав од скокалницата, тоа ќе беше мојот последен скок. Таа ноќ знакот на крстот на ѕидот ме спаси од смрт. Бев неизмерно благодарен на Бог што во својата милост ми го спаси животот, затоа клекнав покрај базенот. Бев свесен дека, освен моето тело, спасение и беше потребно и на мојата душа. За тоа беше потребен еден друг крст, оној на кој Исус Христос умре за да не спаси мене и тебе. И ме спаси, кога ги исповедав своите гревови и му се предадов. Таа ноќ бев двапати спасен. Сеуште имам здраво тело, но најважно ми беше тоа што бев спасен за вечноста.
А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.
Исаија 53:5
Џон Стон познат теолог рекол за себеси : никогаш немаше да верувам во Бог, да не беше крстот. Сум влегол во многу будистички храмови во Азија, и сум застанал пред статуата на Буда, седнат со скрстени нозе и раце, со затворени очи, со блага насмевка на неговото лице далеку од агониите на светот кои тлеат надвор од тој храм. И тогаш во мојот ум, си го замислував деформираниот, осамениот, измачуваниот, растргнатиот кој висеше на крстот, со прободени нозе, раце и бедра, раскрвавени веѓи, трнлив венец, со исушена уста од несносна жед, оставен во проклета темнина… Тоа е мојот Бог! Оној кој пострада на тој крст за јас да живеам. Токму тој крст го промени и мојот живот и на тој крст ќе сум верен до смрт. Затоа во нашиот живот да не се фалиме со ништо друго , освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене и тебе светот треба да биде распнат, а и јас и ти за светот.